Информации

Министерство за економија на РМ
Јуриј Гагарин 15,Скопје
Тел.+389 2 3093 485 +389 2 3093 486 email: info@economy.gov.mk

Лиценца Б – за вршење на туристичка дејност

За добивање лиценца “Б” туристичката агенција – посредник во продажба на туристичко патување, мора да ги исполнува следниве услови:

  1. да има најмалку едно вработено лице, со доказ дека познава еден од светските јазици и
  2. да има склучено договор за соработка со туристичка агенција – организатор на патување со лиценца “А”.

Барањето се поднесува до Министерството за економија комплетирано со потребната документација.

Предвиден рок за постапката: 15 дена од денот на поднесување на барањето од страна на вршителот на туристичката дејност.

Периодот на важење на лиценцата е неограничен.

Потребни документи

  • Барање за добивање на лиценца за вршење на туристичка дејност;
  • Решение за упис во трговскиот регистер и Документ за регистрирана дејност (ДРД образец);
  • Известување за исполнување на условите за вршење на туристичка дејност (готов формулар го пополнува и заверува подносителот на барањето);
  • доказ за најмалку едно вработено лице и уверение за познавање на странски јазик
  • Договор за соработка со туристичка агенција – организатор на патување, со лиценца “А” и
  • Доказ за платена административна такса за издадена лиценца за туристичка дејност во висина од 350,00 денари.

Подносителот на барањето за добивање лиценца за вршење туристичка дејност потребно е целокупната документација, што како копија ја доставува, да ја завери со печат од фирмата и потпис од одговорното лице.