Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Лиценца за изведувач на градби

За изведување на градби од прва категорија (согласно Законот за градење), правното лице треба да има лиценца А за изведувач, а за изведување на градби од втора категорија (согласно законот за градење), правното лице треба да има лиценца Б за изведувач.

  • Изведувачот може изведувањето на одредени градежни работи да го довери на друго правно лице (подизведувач), кое ги исполнува условите за изведување на тие работи пропишани со Законот за градење, за што склучува договор.

Потребни документи (Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија)

  • Барање за добивање на лиценца А за изведувач на градби од прва категорија;
  • доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност;
  • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар;
  • доказ дека има вработено најмалку 20 лица од кои три лица со овластување А за инженер за изведба и едно лице со  овластување Б за инженер за изведба;
  • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку дваесет вработени лица и
  • копии од три А овластувања за инженер за изведба и едно Б за инженер за изведба што ги поседуваат најмалку четворица од вработените во правното лице.

Потребни документи (Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија)

  • доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност;
  • документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар;
  • доказ дека има вработено најмалку 5 лица од кои две лица со овластување Б за инженер за изведба;
  • нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку 5 вработени лица и
  •  копии од две овластувања Б за инженер за изведба што ги поседуваат најмалку двајца од вработените во правното лице.

Надоместок за лиценцата

Надоместокот за издавање на  Лиценца за изведувач на градби, треба да се уплати во денарска противвредност според среден курс на НБРМ на денот на уплатата на следната сметка:

  • Цел на дознака: надоместок за добивање на Лиценца за изведувач на градби.
  • Буџетска сметка: 100000000063095
  • Уплатна сметка: 840***06964
  • Приходна шифра: 718142
  • Програма: 00

Висина на надоместокот:

  • Лиценца А – 2000 евра
  • Лиценца Б – 1000 евра

*** Ѕвездичките го означуваат бројот на општината каде правното лице има седиште.

Лиценците се подигнуваат во Министерството за транспорт и врски секој работен ден од 10 до 12 часот со приложување на оригинал уплатница за извршен надоместок.