Информации

Министерство за транспот и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Лиценца за надзор над градби

Правното лице за вршење на надзор на изградба на градби од прва категорија (согласно Законот за градење) треба да има лиценца А за надзор, а за градби од втора категорија (согласно законот за Градење) треба да има лиценца Б за надзор.

Потребни документи (Лиценца А за надзор на изградбата на градби од прва категорија)

  • Барање за добивање на лиценца А за надзор на изградбата на градби од прва категорија;
  • доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност (документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци во оригинал или копија заверена на нотар) и
  • доказ дека има вработено најмалку  четворица  инженери од кои двајца со А овластување за вршење на надзор (нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку четворица вработени инженери, копии од А овластувања за надзор за најмалку двајца вработени инженери и копии од дипломи за најмалку двајца вработени инженери.)

Потребни документи (Лиценца Б за надзор на изградбата на градби од втора категорија)

  • Барање за добивање на лиценца Б за надзор на изградбата на градби од втора категорија;
  • доказ дека правното лице е регистрирано за вршење на соодветната дејност (документ за регистрирана дејност од Централен Регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци, во оригинал или копија заверена на нотар) и
  • доказ дека има вработено најмалку  тројца инженери од кои двајца со Б овластување за вршење на надзор (нотарски заверени копии од М1/М2 обрасци за најмалку тројца вработени инженери, копии од Б овластувања за надзор за најмалку двајца вработени инженери и копија од диплома за најмалку еден вработен инженер).

Надоместок за лиценцата

Надоместокот за издавање на  Лиценца за надзор над градби, треба да се уплати во денарска противвредност според среден курс на НБРМ на денот на уплатата на следната сметка:

  • Цел на дознака: надоместок за добивање на Лиценца за надзор над градби.
  • Буџетска сметка: 100000000063095
  • Уплатна сметка: 840***06964
  • Приходна шифра: 718142
  • Програма: 00

Висина на надоместокот:

  • Лиценца А – 3000 евра
  • Лиценца Б – 1000 евра

*** Ѕвездичките го означуваат бројот на општината каде правното лице има седиште.

Лиценците се подигнуваат во Министерството за транспорт и врски секој работен ден од 10 до 12 часот со приложување на оригинал уплатница за извршен надоместок.