Информации

Министерство за економија на РМ
Јуриј Гагарин 15,Скопје
Тел. +389 (2) 3093 408 Факс. +389 (2) 3084 472 email: contact@economy.gov.mk

Лиценца A – за вршење на туристичка дејност

За добивање лиценца „А“, туристичката агенција мора да ги исполнува следниве услови – организатор на патување:

  1.  да склучи годишен договор со осигурително друштво за осигурување за одговорност од вршење на дејноста во износ од 100.000 евра во денарска противвредност или да обезбеди банкарска гаранција во износ од 100.000 евра;
  2. лицето кое раководи со туристичката агенција треба да има сертификат за раководење со туристичката агенција;
  3. да има најмалку 4 вработени лица, од кои најмалку 1 лице со високо образование и две лица со доказ дека познаваат еден од светските јазици и
  4. да има туристички придружник при секоја реализација на патувањето во земјата или странство за најмалку 10 лица, како и туристички водич за посета и разгледување на туристичките места.
  • Барањето за издавање на лиценца А за вршење на туристичка дејност се поднесува до Министерството за економија комплетирано со потребната документација.

Предвиден рок за постапката: 15 дена од денот на поднесување на барањето од страна на вршителот на туристичката дејност.

Периодот на важење на лиценцата е неограничен.

Потребни документи

  • Барање за добивање на лиценца за вршење на туристичка дејност;
  • Решение за упис во трговскиот регистер и Документ за регистрирана дејност (ДРД образец);
  • Известување за исполнување на условите за вршење на туристичка дејност (го пополнува и заверува подносителот на барањето);
  • Годишен договор со осигурително друштво за осигурување за одговорност од вршење на туристичка дејност во износ од 100.000 евра во денарска противвредност или да обезбеди банкарска гаранција во износ од 100.000 евра;
  • Сертификат за раководење со туристичката агенција;
  •  Доказ за најмалку 4 вработени лица, од кои најмалку едно лице со високо обрaзование и две лица со доказ дека познаваат еден од светските јазици) и
  • Доказ дека располага туристички придружник при секоја реализација на патувањето во земјата или странство за најмалку десет лица, како и туристички водич за посета и разгледување на туристичките места.
  • Доказ за платена административна такса за издадена лиценца за туристичка дејност во висина од 350,00 денари.

Подносителот на барањето за добивање лиценца за вршење туристичка дејност потребно е целокупната документација, што како копија ја доставува, да ја завери со печат од фирмата и потпис од одговорното лице.