Информации

Министерство за економија
Јуриј Гагарин 15, 1000 Скопје
+389 2 3093 485 +389 2 3093 486
е-пошта: info@economy.gov.mk

Лиценца за вршење на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор

Угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор се врши врз основа на лиценца. Хотелите со најмалку четири ѕвездички можат да ја вршат дејноста без лиценца.

За добивање на лиценцата угостителот е должен да поднесе барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок до Министерството за економија за давање услуги: 

  • кабаре – во денарска противвредност од 2.500 до 5.000 ЕВРА; 
  • ноќен бар – во денарска противвредност од 5.000 до 7.000 ЕВРА и 
  • дискоклуб и дискоклуб на отворен простор – во денарска противвредност од 7.000 до 10.000 ЕВРА.

Висината на надоместокот ја определува советот на општината, а за градот Скопје, Советот на градот Скопје. Надоместокот,  50% се уплатува на сметка на општината, а во градот Скопје на сметката на градот Скопје, а 50% се уплатува во Буџетот на Република Македонија во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата. ВО ПРИЛОГ НА БАРАЊЕТО (БАРАЊЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА) СЕ ДОСТАВУВААТ СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ:

  • Доказ за регистрација на трговското друштво/ трговец поединец (Централен регистар на РМ);
  • Уплатен надоместок за соодветна лиценца на  сметка на  буџетот  на Република Македонија(оригинал  уплатница) и  копија од висината  на надоместокот определен  од  советот  на  општината ,  а  за  градот  Скопје,  советот  на  градот  Скопје за  соодветната дејност;
  • Фотокопија од пријавата за исполнети минимално технички услови на објектот  за обавување на дејноста (Министерство за економија) и
  • Уплатница за уплатена административна такса за барањето во износ од 50, 00 денари.

Министерството за економија 30 дена пред истекот на рокот на важноста на претходно издадена лиценца го потсетува носителот на лиценцата за периодот на важноста на истата. Потсетувањето се врши преку доставување на електронска порака на е-маил адресата од тековната состојба на правното лице. Потсетувањето може да се врши и со СМС – порака, доколку носителите на лиценца дале претходна согласност дека тоа ќе биде на нивен трошок.

Предвиден рок за постапка: Лиценцата  се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето од страна на вршителот на угостителската дејност и важи за период од една година и не може да се пренесува на друг субјект.