Информации

Министерство за одбрана на РМ
„Орце Николов“ бб, 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3119 577,
факс. +389 (2) 3227-835

Министерство за одбрана

Министерството за одбрана ги врши работите што се однесуваат на:

  • остварувањето на системот на одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија;
  • планирањето, организацијата, опремувањето, развојот и подготвувањето на Армијата на Република Македонија и спроведувањето на утврдените планови;
  • организирањето и подготвувањето за одбрана и за цивилна заштита;
  • организирањето и спроведување на обуката за одбрана;
  • организирањето и подготвувањето на набљудување и известување, врски за раководење и криптозаштита;
  • надзорот од негова надлежност и
  • врши други работи утврдени со закон.