Информации

Агенција за електронски комуникации на РМ
ул. “Димитрие Чуповски” бр.13, 1000 Скопје
тел:+389 (2) 3289 - 200
факс:+389 (2) 3224 - 611
е-маил: contact@aec.mk

Надоместок за користење на РФ

Годишниот надоместок за користење на радиофреквенциите е наменет за надзор, следење, мерење на радиофреквенцискиот спектар и покривање на административните трошоци на Агенцијата во врска со нејзините надлежности.

Висината на годишниот надоместок за користење на радиофреквенциите се пресметува според   Правилник за начинот на пресметка на годишниот надоместок за користење на радиофреквенции.

Годишниот надоместок за користење на радиофреквенциите се плаќа на сметка на Агенцијата за секоја тековна година, почнувајќи од датумот на издавање на одобрението за користење на радиофреквенции.

Висината на надоместокот за користење на радиофреквенции се утврдува врз основа на следниве критериуми:

  • вид на радиослужба,
  • доделен радиофреквенциски опсег,
  • широчина на доделени радиофреквенциски канали,
  • област на покриеност,
  • големина на сервисна зона (населено место/број на жители),
  • ефективна височина на антената;
  • заедничко користење на иста фреквенција или
  • комбинација од истите.

Надоместок за користење на радиофреквенции не плаќаат државните органи, ЈП Македонска радиодифузија за пренос на радиотелевизиските програмски сервиси на ЈП Македонска радиотелевизија и јавните радиодифузни претпријатија на локално ниво кои се финансирани од радиодифузната такса, радиоаматерите и корисниците на граѓанскиот опсег (ЦБ), како и за пренос на програмски сервиси финансирани од радиодифузната такса.