Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи
Сектор: Управно надзорни работи

Обврска на странецот да го пријави престојувалиштето или живеалиштето

Опис на постапка

Странец кој престојува во Република Македонија врз основа на дозвола за постојан престој, должен е да го пријави живеалиштето и промената на адресата на станот во рок од 8 дена од денот на доаѓањето во живеалиштето, односно од денот на промената на адресата.

Образецот за пријавување или одјавување на живеалиштето или престојувалиштето на странецот, односно промената на адресата на станот, се поднесува лично од странецот.

За малолетниот член на семејството на странецот може да се поднесе од секој полнолетен  член на семејството.

Образецот треба да биде уредно или читливо пополнет и  да ги содржи сите податоци.

Странецот должен е да го одјави престојувалиштето или живеалиштето во рок од 24 часа пред заминувањето.

Странецот  кој има намера да престојува подолго од 30 дена надвор од местото на своето живеалиште е должен да го пријави престојувалиштето во рок од три дена по доаѓањето во местото на престојувалиштето.

За извршеното пријавување или одјавување на живеалиштето или престојувалиштето на странецот, односно за извршената промена  на адресата на станот, на странецот му се издава потврда од страна на службено лице на Министерството за внатрешни работи.

Потребни документи

  • пријава за престојувалиште (образец бр.14) и
  • важечка и призната патна исправа или препис од истата.