Информации

Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 (2) 3290 241,
+ 389 (2) 3290 248
Факс.+ 389 (2) 3123 169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Одлука за измена на договорот за друштво (Друштво со ограничена одговорност)

Опис на постапка

  • Пријавата за упис на одлуката за измена на договорот за друштвото заради упис во трговскиот регистар ја поднесува управителот или од него овластено лице со полномошно, заверено кај нотар.
  • Кон пријавата за упис во трговскиот регистар се приложуваат одлуката за измена на договорот за друштвото и пречистен текст на договорот за друштвото.
  • Уписот на одлуката за измена на договорот за друштвото во трговскиот регистар се објавува со посочување на бројот на одлуката и датумот кога е донесена.

Потребни документи

  • пријава за упис на одлуката за измена на договорот за друштвото;
  • одлуката за измена на договорот за друштвото и
  • пречистен текст на договорот за друштвото.