Информации

Царинска управа на РМ (Централна управа)
Сектор: Сектор за царински систем
Одделение: Одделение за царинска тарифа, лабораторија, вредност, потекло и ТАРИК
адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје Тел. +389 (2) 3 116 188
Факс. +389 (2) 3 237 832
e-mail. info@customs.gov.mk
web. www.customs.gov.mk

Работно време
8:30 - 16:30
Работно време во царинските испостави

Одобрение за извоз за облагодарување

  • Извозот за облагородување е постапка со економски ефект. Преку оваа постапка им се овозможува на сите правни лица привремено да извезат домашна стока од царинското подрачје на Република Македонија и истата да се подложи на некоја операција на облагородување.

По извршеното облагородување добиените производи од таквите операции се пуштаат во слободен промет со целосно или делумно ослободување од увозните давачки.

 Опис на постапка

  1. Барањето за одобрение за извоз за облагородување се поднесува на пропишан образец (Прилог 27 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон) до Службата за надзор на иматели на одобренија во надлежната Царинарница.
  2. Административна такса за одобрение е 500 денари и административна такса за барање е 50 денари.
  3. По комплетирање на барањето  преку Службата за надзор, барањето се доставува до Централната управа на Царинската управа која го дава одобрението.

Одобрение се дава само на лица регистрирани во Република Македонија, доколку може да се утврди дека добиените производи се резултат на извршено облагородување надвор од царинското подрачје на Република Македонија и доколку со одобрението не може сериозно да се наштетат интересите на производителите во Република Македонија.

Предвиден рок за постапката: 30 дена.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за извоз за облагодарување;
  • Административна такса за одобрение, 500,00 денари (уплатница) и
  • Aдминистративна такса за барање, 50,00 денари (уплатница).