Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Надлежна царинарница

Скопје
ул. Колекторска бб
Tел. +389 (2) 3 174 255
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Битола
ул. Краварска бб
Tел. +389 47 269 336
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Граничен премин Богородица, Гевгелија
Тел. +389 34 230 100
Работно време
секој ден
од 00:00 до 24:00

Куманово
ул. Индустриска бб
Тел. +389 31 412 370
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Штип
ул. Брегалничка бб
Тел. +389 32 380 801
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Одобрение за крајна употреба

Постапката крајна употреба претставува можност стоката која се става во постапка, во зависност од нејзината крајна употреба да се пушти во слободен промет со повластен тарифен третман или со примена на намалени или увозни давачки нула.

За да се примени повластениот тарифен третман  за одредена стока заради нејзината крајна употреба потребно е да бидат исполнети следниве услови:

  • стоката да е соодветна за таквата крајна употреба;
  • да се поседува одобрение за крајна употребa и
  • стоката да биде ставена во бараната крајна употреба под царински надзор.

Опис на постапка

  1. Барањето за одобрение за крајна употреба се поднесува на пропишан образец (Прилог 27 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон) до Службата за надзор на иматели на одобренија во надлежната Царинарница. Надлежната Царинарница се определува според местото каде се води книговодството и барем еден дел од операциите опфатени во одобрението.
  2. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  3. Одобрението го дава надлежната Царинарница доколку подносителот на барањето врши производство кое истовремено овозможува и преработка на стока за пропишаната крајна употреба.

Надлежната царинарница

  • ги дава сите гаранции потребни за правилно извршување на операциите;
  • ја одредува за целата или дел од стоката нејзината пропишана крајна употреба;
  • не превзема дејствија кои се некомпатибилни со одредената цел на пропишаната крајна употреба;
  • ја известува Службата за надзор на иматели на одобренија за сите фактори кои можат да влијаат на одобрението и
  • должна е  да води и чува уредна евиденција за стоката ставена во постапка.

Предвиден рок за постапката: 30 дена.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за крајна употреба;
  • Административна такса за одобрение во износ од 500, 00 денари (уплатница) и
  • Административна такса за барање во износ од 50,00 денари (уплатница).