Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Надлежна царинарница

Скопје
ул. Колекторска бб
Tел. +389 (2) 3 174 255
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Битола
ул. Краварска бб
Tел. +389 47 269 336
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Граничен премин Богородица, Гевгелија
Тел. +389 34 230 100
Работно време
секој ден
од 00:00 до 24:00

Куманово
ул. Индустриска бб
Тел. +389 31 412 370
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Штип
ул. Брегалничка бб
Тел. +389 32 380 801
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Одобрение за локaлно царинење при увоз

Постапката на локално царинење при увоз е поедноставување кое на имателот на одобрението му овозможува стоката да ја стави во избрана увозна царинска процедура во свои простории или на други места одобрени од страна на царинскиот орган.

Имателот на одобрение го евидентира почетокот на постапката во својата одобрена евиденција и ја информира царинската испостава за пристигање на стоката.

Опис на постапкa

  1. Барањето за одобрение за локално царинење при увоз се поднесува на пропишан образец до надлежната Царинарница.
  2. Барањето го разгледува формално и содржински овластена Комисија.
  3. По комплетирање на истото се врши контрола кај подносителот на барањето заради оцена на условите за барана постапка.
  4. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  5. Одобрението го издава надлежната Царинарница.

Предвиден рок за постапката: 30 дена.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за локално царинење при увоз;
  • Административна такса за одобрение во износ од 500, 00 денари;
  • Aдминистративна такса за барање во износ од 50, 00 денари:
  • Список на стоките (два примерока) и
  • Список на одговорни лица.