Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Надлежна царинарница

Скопје
ул. Колекторска бб
Tел. +389 (2) 3 174 255
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Битола
ул. Краварска бб
Tел. +389 47 269 336
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Граничен премин Богородица, Гевгелија
Тел. +389 34 230 100
Работно време
секој ден
од 00:00 до 24:00

Куманово
ул. Индустриска бб
Тел. +389 31 412 370
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Штип
ул. Брегалничка бб
Тел. +389 32 380 801
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Одобрение за овластен испраќач

Статусот на овластен испраќач му овозможува на имателот на одобрение извршување на транзитни операции без ставање на стоката и соодветната транзитна документација на увид кај појдовната царинска испостава.

Опис на постапка

  1. Барањето за одобрение за овластен испраќач се поднесува на пропишан образец (Прилог 1 Образец ОИ од Упатството за поедноставени постапки) до надлежната Царинарница.
  2. Барањето го разгледува формално и содржински овластена Комисија.
  3. По комплетирање на истото се врши контрола кај подносителот на барањето заради оцена на условите за барана постапка.
  4. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  5. Одобрението го дава надлежната Царинарница само на правни лица регистрирани во Република Македонија и лица на кои им е одобрена употреба на општа гаранција во транзит или лицето е изземено од поднесување на гаранција.

Предвиден рок за постапката: 3 месеци.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за овластен испраќач;
  • Административна такса за одобрение, 500,00 денари (уплатница);
  • Aдминистративна такса за барање, 50,00 денари, (уплатница);
  • Список на стоките (два примерока) и
  • Список на одговорни лица.