Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Надлежна царинарница

Скопје
ул. Колекторска бб
Tел. +389 (2) 3 174 255
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Битола
ул. Краварска бб
Tел. +389 47 269 336
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Граничен премин Богородица, Гевгелија
Тел. +389 34 230 100
Работно време
секој ден
од 00:00 до 24:00

Куманово
ул. Индустриска бб
Тел. +389 31 412 370
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Штип
ул. Брегалничка бб
Тел. +389 32 380 801
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Одобрение за овластен примач

Статусот на овластен примач на имателот на одобрение му овозможува во своите простории или на друго определено место да прима стока која е ставена во транзитна постапка, без ставање на стоката и соодветната транзитна документација на увид кај одредишната царинска испостава.

Опис на постапка

  1. Барањето за одобрение за овластен примач се поднесува на пропишан образец (Прилог 3 Образец ОП од Упатството за поедноставени постапки) до надлежната Царинарница.
  2. Барањето го разгледува формално и содржински овластена Комисија.
  3. По комплетирање на истото се врши контрола кај подносителот на барањето заради оцена на условите за барана постапка.
  4. Административна такса за одобрение е 500, 00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  5. Одобрението го дава надлежната Царинарница само на правни лица регистрирани во Република Македонија кои редовно примаат стока во транзитна постапка, водат евиденција која овозможува вршење на ефикасна контрола од страна на царинските органи и немаат извршено никакви тешки или повеќекратни прекршувања на царинските и даночните прописи.

Предвиден рок за постапката: 3 месеци.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за овластен примач;
  • Административна такса за одобрение , 500, 00 денари (уплатница);
  • Aдминистративна такса за барање, 50,00 денари (уплатница);
  • Список на стоките (два примерока) и
  • Список на одговорни лица.