Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Сектор за царински систем
Одделение:
Одделение за царински и даночни постапки
Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3 116 188
Факс. +389 (2) 3 237 832
e-mail. info@customs.gov.mk
web. www.customs.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Одобрение за поедноставена постапка за декларирање во царинска постапка за пуштање стока во слободен промет

Преку оваа постапка им се овозможува на сите правни лица да ставаат стока во царинска постапка со поедноставена декларација во форма на административен или друг комерцијален документ како и во форма на непотполна декларација ва образец на ЕЦД.

Надлежни за прифаќање на поедноставените декларации и за пуштање на стока во слободен промет се само одобрени гранични премини. За стоката ставена во постапка на тој начин декларантот на крајот од пресметковниот период мора да достави дополнителна декларација.

Опис на постапка

  1. Барањето за одобрение за поедноставена постапка за декларирање во царинска постапка за пуштање стока во слободен промет се поднесува на пропишан образец (Прилог 13 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон) до Централната управа на Царинската управа.
  2. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  3. Одобрението го дава Централна управа на Царинска управа на РМ.

Времетраење на услугата: 30 дена.

Потребни документи

  1. Барање за поедноставена постапка за декларирање во царинска постапка за пуштање стока во слободен промет;
  2. Административна такса за одобрение во износ од 500,00 денари (уплатница);
  3. Aдминистративна такса за барање во износ од 50,00 денари (уплатница);
  4. Список на стоките (два примерока) и
  5. Список на одговорни лица.