Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Сектор за царински систем
Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13,1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3 116 188
Факс. +389 (2) 3 237 832
info@customs.gov.mk
www.customs.gov.mk

Одобрение за преработка под царинска контрола

Преработка под царинска контрола е постапка со економски ефект. Преку оваа постапка им се овозможува на правните лица употреба на странска стока во царинското подрачје на Република Македонија во операции со кои се менува нејзиниот вид или состојба без претходно стоката да биде пуштена во слободен промет.

  • По извршената преработка, преработените производи се пуштаат во слободен промет со царинска стапка од преработените производи.

Опис на постапка

  1. Барањето за одобрение за преработка под царинска контрола се поднесува на пропишан образец  до Службата за надзор на иматели на одобренија во надлежната Царинарница. Надлежната Царинарница се одредува според местото каде трговското друштво ја води својата евиденција за спроведување на постапката.
  2. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  3. Со поднесување на барањето до надлежната Служба за надзор секое трговско друштво добива свој клиент координатор кој ги води кон правилен начин на изготвување на барањето и правилно спроведување на постапката увоз за облагородување.
  4. По комплетирање на барањето, од страна на Службата за надзор на иматели на одобренија се врши контрола кај подносителот на истото со цел да се проверат условите за правилно спроведување на постапката.
  5. По извршената контрола барањето се препраќа до Централната управа на Царинската управа која го дава одобрението за бараната постапка.

Одобрение се дава само на:

  • лица регистрирани во Република Македонија;
  • кога увозната стока може да се препознае во преработените производи;
  • кога стоката не може економично да се врати во нејзината првобитна состојба по извршената преработка;
  • кога употребата на постапката не може да доведе до злоупотреба на прописите за потекло на стоката или количински ограничувања за истата и
  • доколку се исполнети економските услови за одобрување на бараната постапка односно доколку со одобрението не може сериозно да се наштетат интересите на одредена преработувачка дејност во Република Македонија.

Предвиден рок за постапката: 30 дена.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за преработка под царинска контрола;
  • Административна такса – 500,00 денари (уплатница) и
  • Aдминистративна такса за барање – 50,00 денари (уплатница).