Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Надлежна царинарница

Скопје
ул. Колекторска бб
Tел. +389 (2) 3 174 255
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Битола
ул. Краварска бб
Tел. +389 47 269 336
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Граничен премин Богородица, Гевгелија
Тел. +389 34 230 100
Работно време
секој ден
од 00:00 до 24:00

Куманово
ул. Индустриска бб
Тел. +389 31 412 370
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Штип
ул. Брегалничка бб
Тел. +389 32 380 801
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Одобрение за просторија за привремено чување

Местата кои царинскиот орган ги определил или одобрил за сместување на стока за привремено чување се нарекуваат простории за привремено чување.

Тие може да бидат одобрени како простории за:

  • еднократно привремено чување или
  • простории за повеќекратно привремено чување.

Опис на постапка

1. Барањето за одобрение за еднократно/повеќекратно привремено чување се поднесува во писмена слободна форма до надлежната Царинарница. 2. Во барањето за одобрување на просторија за еднократно привремено чување треба да бидат наведени следните податоци:

  • идентификација на подносителот на барање;
  • идентификација и опис на местото кое ќе се употребува како просторија за привремено чување;
  • идентификација на лицето одговорно за просторијата за привремено чување во случај кога еднократното барање се однесува за привремено чување во просторија која веќе има добиено одобрение за повеќекратно чување листа на стока во просторијата за привремено чување вредност на стоката во просторијата за привремено чување;
  • гаранција за евентуалниот царински долг за стоката во просторијата за привремено чување;
  • документи од надлежните управни односно инспекциски органи од кои се гледа дека просториите наменети за привремено чување ги исполнуваат условите за чување на ваков вид на стоки наведени во барањето на пр: експлозиви, отрови, лекови,производи од животинско потекло и др. и
  • согласност од лицето кое управува со просторијата за повеќекратно привремено чување (доколку барањето се однесува за ставање на стока во таква просторија).

3. Во барањето за одобрување на просторија за повеќекратно привремено чување треба да бидат наведени следните податоци:

  • идентификација на подносителот на барање;
  • идентификација на местото кое ќе се употребува како просторија за привремено чување;
  • идентификација на обезбедувањето на стоката во просторијата за привремено чување;
  • вид на евиденција за стоката во просторијата за привремено чување (за повеќекратно привремено чување) вклучувајќи ја и евиденцијата за следење на износот на царинската гаранција;
  • ракување со стоката во просторијата за привремено чување (доколку е побарано);
  • листа на стока во просторијата за привремено чување (за повеќекратно привремено чување);
  • вредност на стоката во просторијата за привремено чување (за повеќекратно привремено чување) и
  • гаранција за евентуалниот царински долг за стоката во просторијата за привременочување

4. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари. 5. Одобрението го дава надлежната Царинарница по извршена контрола во приложената документација на увид и увид во просториите на подносителот на барањето, со цел да се утврди исполнување на потребните услови за правилно спроведување на бараната постапка.

Преку оваа постапка им се овозможува на сите правни лица привремено чување на стоката до моментот на одредување на царинско дозволено постапување или употреба на стока.

Рокот за привремено чување на стоката е 20 дена.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за еднократно/повеќекратно привремено чување;
  • Административна такса за одобрение во износ од 500,00 денари;
  • Административна такса за барање во износ од  50,00 денари.
  • Решение /извештај од Централниот регистар на РМ;
  • Нацрт на просторот со обележување на местото каде што точно ќе биде лоцирана просторијата за привремено чување;
  • Скица на околината и технички опис на просториите и елаборат за безбедносниот систем(чуварска служба,систем за влез и излез);
  • Доказ за сопственост или договор за закуп за просториите;
  • Документи од надлежните управни односно инспекциски органи од кои се гледа дека просториите наменети за привремено чување ги исполнуваат условите за чување на ваков вид на стоки наведени во барањето.(на пр;експлозиви, отрови лекови,производи од животинско потекло и др);
  • Решение за минимално технички услови што треба да ги исполнува просторијата за привремено чување – издадено од Министерство за економија;
  • Решение за минимално хигиенско-санитарни услови – издадено од Министерство за здравство;
  • Решение за исполнети мерки нормативи и стандарди за заштита при работа – издадено од Министерство за труд и социјална политика;
  • Список на стоки кои ќе бидат сместени во просториите за привремено чување,
  • известување за планираниот обем на работа за наредниот период од 1 година ,како извештај доколку во претходниот период било дадено вакво одобрение и
  • Извештај за висината на износот на царинскиот долг кој треба да биде обезбеден со соодветната гаранција.