Информации

Орган: Царинска управа на РМ
Сектор: Сектор за царински систем
Одделение: Одделение за царинска тарифа, лабораторија, вредност, потекло и ТАРИК
Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13 - 1000 Скопје
Тел. 02 3 116 188
Факс. 02 3 237 832
e-mail: info@customs.gov.mk
web: www.customs.gov.mk
Работно време 8:30 - 16:30

Одобрение за царинско складирање

Царинско складирање е постапка со економски ефект. Преку оваа постапка царинскиот орган одобрува чување во царински склад странска стока која во моментот на складирање не подлежи на плаќање на увозни давачки или на мерки на трговска политика.

Царински склад е секое место одобрено од страна на царинскиот орган во кое стоката се чува според пропишани услови и истата е под царински надзор.

Царинскиот склад може да биде јавен склад или приватен склад.

  • Јавен склад е царински склад кој секое лице може да го користи за складирање на стока.
  • Приватен склад е царински склад наменет за складирање на стока од страна на држателот на складот.

Опис на постапка

  1. Барањето за одобрение за царински склад се поднесува на пропишан образец (Прилог 27 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон) до Службата за надзор на иматели на одобренија во надлежната Царинарница.
  2. Надлежната Царинарница се одредува според седиштето на царинскиот склад. Административна такса за одобрение е 500, 00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  3. Со поднесување на барањето до надлежната Служба за надзор, подносителот добива свој клиент координатор кој ги води кон правилен начин на изготвување на барањето и правилно спроведување на постапката.
  4. По комплетирање на барањето, од страна на Службата за надзор на иматели на одобренија се врши контрола кај подносителот на истото, со цел да се проверат условите за правилно спроведување на постапката.
  5. По извршената контрола барањето се препраќа до Централната управа на Царинската управа која го дава одобрението за бараната постапка.

Одобрение се дава само на правни лица регистрирани во Република Македонија.

Со добивање на одобрението држателот на царински склад е одговорен да ја обезбеди стоката која се наоѓа во царинскиот склад од бесправно отстранување, одговорен е за исполнување на обврските кои произлегуваат од чувањето стока и одговорен е за исполнување на посебни услови наведени во одобрението.

Стандард за доставување: 30 дена

Потребни документи

  • барање за одобрение за царинско складирање;
  • административна таксена марка –  50,00 денари;
  • уплатница  за одобрение, 500,00 денари aдминистративна такса.