Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Сектор за царински систем
- Одделение за нетарифни мерки
Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3 116 188
Факс. +389 (2) 3 237 832
info@customs.gov.mk
www.customs.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Одобрение за уништување на стока која повредува право на интелектуална сопственост

Носител на правото на интелектуална сопственост може да биде:

  • секое домашно и странско, правно и физичко лице кое, согласно закон е носител на правото на патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потекло, географска ознака, авторско право или сродно право или
  • секое друго домашно и странско, правно и физичко лице кое има право да користи некое од правата на интелектуална сопственост или застапник на носителот на правото или на лицето кое има право да користи некое од правата на интелектуална сопственост;

Кога царинскиот орган задржал стока или одложил пуштање на стока за која постојат оправдани причини за сомневање дека е стока со која се повредува право од интелектуална сопственост, која се отстапува за уништување, може да спроведе поедноставена постапка, која се применува со согласноста на носителот на право, а со која царинскиот орган може да ја уништи стоката под царински надзор. Се смета дека  декларантот, лицето кое ја поседува стоката или сопственикот на стоката дал согласност за уништување доколку во пропишаниот рок недвосмислено не се спротиставил на уништувањето за кое бил известен.

Опис на постапка

  1. Носителот на правото, поднесува барање за уништување на стоката.
  2. Централната управа на Царинската управа, по добивање на Барање за уништување на стока од страна на носителот на право, согласно Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, донесува Одобрение за уништување, со кое се одобрува поедноставена постапка, со која ќе се уништи стоката под царински надзор.
  3. Уништувањето на стоката се врши на трошок и на одговорност на носителот на правото во согласност со царинските прописи за уништување на стоката под царински надзор, и при тоа е проследено со земање на мостри кои царинскиот орган ќе ги чува во согласност со царинските прописи, кои можат да се користат како доказ.

Царинскиот орган не одговара за штетите кои можат да произлезат од уништувањето на стоката, согласно Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост.

Предвиден рок за постапката: веднаш по поднесувањето.