Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Сектор за наплата на приходи, финансиско материјални и имотно правни односи
Одделение: Служба за наплата, буџет, гаранции и анализа
Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3 116 188
Факс. +389 (2) 3 237 832
info@customs.gov.mk
www.customs.gov.mk

Одобрение за употреба на општа гаранција во транзитна постапка

Со ставањето на стоката во транзитна постапка, странската стока не подлежи на плаќање на увозни давачки и други давачки. Затоа со цел да се обезбеди плаќање на евентуалниот царински долг, како и други давачки и даноци кои можат да настанат во врска со стоката ставена во транзитна постапка по правило е потребно да се поднесе гаранција. Обврската за поднесување на гаранцијата е на носителот на транзитната постапка – главниот обврзник.

Основни услови за издавање на одобрение

Одобрение за користење на општа гараниција им се дава само на лица кои ги исполнуваат основните услови  и условите кои обезбедуваат правилно спроведување на постапката и тоа:

  • се регистрирани во Република Македонија,
  • редовно користат транзитни постапки или кои им се познати на царинскиот орган како субјекти кои имаат можност да ги исполнат своите обврски во поглед на овие постапки;
  • немаат извршено тешки или повеќекратни прекршувања на царинските или даночните прописи;
  • царинскиот орган да е во можност да врши надзор над постапката и да извршува контроли без административни оптоварувања непропорционални со барањата на странката;
  • странката да води евиденција која му овозможува на царинскиот орган да извршува ефикасни контрол

Опис на постапката

  1. Барањето за одобрение општа гаранција во транзитни постапки се поднесува на пропишан образец (Прилог Б од Упатството гаранции во транзитни постапки Б2, а согласно Уредбата за спроведување на царинскиот закон) до надлежната Царинарница
  2. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  3. Барањето се поднесува во  Царинарницата која е надлежна за надзор врз основа на местото на водење на евиденцијата на подносителот на барањето.
  4. По проверка на барањето  од надлежната царинарница заедно со мислење се проследува до Одделението за наплата како гарантен царински орган.
  5. Одделението за наплата врз база на мислењето од надлежната царинарница, податоци од Секторот за контрола и истраги, Управата за јавни приходи, Централниот регистар, Независни ревизорски куќи ја утврдува висината на општата транзитна гаранција и му го соопштува износот на подносителот на барањето.
  6. Одобрението го дава Централна управа на Царинска управа на РМ.

Предвиден рок за постапката: 3 месеци.

Потребни документи

  • Барање за Одобрение за употреба на општа гаранција во транзитна постапкa;
  • Административна такса за одобрение во износ од 500,00 денари и
  • Aдминистративна такса за барање во износ од 50,00 денари.