Информации

strong>Царинска управа на РМ
Сектор: Сектор за наплата на приходи, финансиско материјални и имотно правни односи
Одделение: Служба за наплата, буџет, гаранции и анализа
Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3 116 188
Факс. +389 (2) 3 237 832
info@customs.gov.mk
www.customs.gov.mk

Одобрение за употреба на општа гаранција за покривање на царински долг во постапки со економски ефект и одложено плаќање

Со ставањето на стоката во транзитна постапка, странската стока не подлежи на плаќање на увозни давачки и други давачки. Затоа со цел да се обезбеди плаќање на евентуалниот царински долг, како и други давачки и даноци кои можат да настанат во врска со стоката ставена во транзитна постапка по правило е потребно да се поднесе гаранција. Обврската за поднесување на гаранцијата е на носителот на транзитната постапка – главниот обврзник.

Опис на постапка

  1. Барањето за прифаќање на  гаранција  за обезбедување на царински долг се поднесува на пропишан образец (Прилог А од Упатството за царински долг Д1, а согласно Уредбата за спроведување на царинскиот закон) до Одделението за наплата. Административна такса за  за ова барање е 50,00 денари.
  2. Барањето се поднесува во  Царинската Управа, Одделение за наплата  кое е надлежно за  прифаќање, евиденција и наплата на гаранциите.
  3. Банкарската гаранција во оригинал се поднесува заедно со Барањето за прифаќање прилог А. Во истото се наведува за која царинска постапка и за која испостава се однесува истото.
  4. Прифаќањето го врши Одделението за наплата при  Царинската управа на РМ за што ги известува сите испостави, СНИО и банката која ја издала предметната гаранција.

Предвиден рок за постапката: 2 дена по приемот на барањето.

Потребни документи

  • Барање за прифаќање на  гаранција  за обезбедување на царински долг;
  • Административна такса за ова барање е 50,00 денари, (уплатница) и
  • Банкарска гаранција.