Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Надлежна царинарница
Скопје
ул. Колекторска бб,
Tел. +389 (2) 3 174 255
Битола
ул. Краварска бб,
Tел. +389 47 269 336
Граничен премин Богородица, Гевгелија
Тел. +389 34 230 100
Куманово
ул. Индустриска бб, Тел. +389 31 412 370
Штип
ул. Брегалничка бб, Тел. +389 32 380 802

Одобрение за употреба на пломби од посебен вид

Употреба на пломби од посебен вид е поедноставување во транзитна постапка

  • Преку ова поедноставување му се одобрува на главниот обврзник во транзитната постапка можноста да употребува пломби од посебен вид на транспортните средства или колетите под услов, одобрените пломби да се соодветни со карактеристиките наведени во Прилог 35 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон.

Опис на постапка

  1. Барањето за одобрение за употреба на пломби од посебен вид се поднесува на пропишан образец (Прилог 7 Образец ПП од Упатството за поедноставени постапки) до надлежната Царинарница. Надлежната Царинарница се определува според местото на појдовната царинска испостава.
  2. Барањето го разгледува формално и содржински овластена Комисија. По комплетирање на истото се врши контрола кај подносителот на барањето заради оцена на условите за барана постапка
  3. Административна такса за одобрение е 500, 00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  4. Одобрението го дава надлежната Царинарница.

Предвиден рок за постапката: 3 месеци.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за употреба на пломби од посебен вид;
  • Административна такса за одобрение, 500, 00 денари (уплатница);
  • Административна такса за барање, 50,00 денари (уплатница);
  • Список на стоки;
  • Вид(ови) пломби и начин на нивна идентификација и
  • Список на одговорни лица.