Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Надлежна царинарница
Скопје
ул. Колекторска бб,
Tел. +389 (2) 3 174 255
Битола
ул. Краварска бб,
Tел. +389 47 269 336
Граничен премин Богородица, Гевгелија
Тел. +389 34 230 100
Куманово
ул. Индустриска бб, Тел. +389 31 412 370
Штип
ул. Брегалничка бб, Тел. +389 32 380 802

Одобрение за употреба на посебни товарници

Употреба на посебна товарница е поедноставување во транзитната постапка.

  • Преку ова поедноставување му се одобрува на главниот обврзник да употребува други документи како товарница – посебна товарница иако тие документи не ги исполнуваат условите и образец на товарница дадени во Прилог 33 и Прилог 34 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон.

Опис на постапа

  1. Постапката за добивање на одобрение за употреба на посебна товарница, започнува со поднесување на барање (Прилог 5 Образец ПТ од Упатството за поедноставени постапки) до  Царинарница надлежна за појдовна царинска испостава.
  2. Управникот на Царинарница формира комисија за разгледување на барањето.
  3. Комисијата се состои од два постојани членови кои претходно ги има одредено Управникот на конкретна царинарица и членови на надлежена појдовна царинска испостава.
  4. Комисијата го разгледува барањето со сите пропратни документи цени дали се исполнети условите за употреба на ова поедноставување и изготвува мислење.
  5. Мислењето во писмена форма, Комисијата го доставува до Управникот на надлежната Царинарница, кој одлучува по барањето.
  6. Комисијата го евидентира одобрението и одобрението добива број под кој с еводи во Царинарницата.
  7. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.

Одобрението го дава надлежната Царинарница, само кога:

  • посебните товарници се изготвуваат од страна на трговски друштва кои употребуваат интегриран електронски или автоматски систем за обработка на податоци за водење на евиденција;
  • доколку се изготвени и пополнети на начин кој ги прави едноставни за употреба од страна на царинскиот орган и
  • ги содржат податоците кои се бараат во Прилог 33 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон.

Предвиден рок за постапката: 3 месеци.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за употреба на посебни товарници;
  • Административна такса за одобрение, 500,00 денари (уплатница);
  • Административна такса за барање е 50,00 денари (уплатница);
  • Список на стоки;
  • Образец на документ употребен како посебна товарница и
  • Список на одговорни лица.