Информации

Град Скопје
бул. “Илинден“ бб, 1000 Скопје
Сектор за сообраќај/ Одделение за издавање времено решение за места за огласување
Тел. +389 (2) 3217 010
Работно време:
08.30-16.30 часот

Решение за место на огласување

Опис на постапка

  1. Барателот (правно лице), заинтересиран за добивање на времено решение за вршење на комерцијално рекламирање за сопствени потреби, ја поднесува потребната документација во Архива на Град Скопје(барака 14);
  2. Субјектот заинтересиран за добивање на наведениот документ/акт треба во доставената документација да наведе и контакт телефон
  3. Надлежните го изготвуваат решението врз основа на доставена документација од Барателот;
  4. Откако истото ќе биде изготвено, барателот е должен да го подигне решението во Архива на Град Скопје(барака 14).

Предвиден рок за постапката: 15 дена, од доставување на барањето.

Документ/акт што граѓанинот го добива: Решение за место на огласување.

Потребни документи

  • Барање за издавање на времено решение заверено од Архива на Град Скопје;
  • Aдминистративна такса, 200,00 ден;
  • Ситуација на сообраќајно решение со микро локација и
  • Скица, техничко решение за: рекламно пано, тотем, патоказни табли и обележја за упатување преку светлечки панели.