Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Сектор за царински систем
Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13,1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3 116 188
Факс. +389 (2) 3 237 832
info@customs.gov.mk
www.customs.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Одобрение за увоз за облагодарување

Увозот за облагородување е постапка со економски ефект и има два система:

  • Системот на одложено плаќање им овозможува на трговските друштва да стават стока во постапка и притоа да го одложат плаќањето на увозни давачки. За таа цел потребно е трговските друштва да обезбедат гаранција за евентуалниот царински долг.
  • Преку системот на враќање на давачките трговските друштва стекнуваат право на враќање на платените давачки во моментот кога ја ставиле стоката во постапка. Барањето за враќање на увозните давачки се поднесува во рок од 6 месеци од моментот на повторен извоз на добиените производи од процесот на производство.

Опис на постапката

  1. Се поднесува барањето за одобрение за увоз за облагородување на пропишан образец (Прилог 27 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон) до Службата за надзор на иматели на одобренија во надлежната Царинарница.
  2. Надлежната Царинарница се одредува според местото каде трговското друштво ја води својата евиденција за спроведување на постапката.
  3. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  4. Со поднесување на барањето до надлежната Служба за надзор, секое трговско друштво добива свој клиент координатор кој ги води кон правилен начин на изготвување на барањето и правилно спроведување на постапката увоз за облагородување.
  5. По комплетирање на барањето, од страна на Службата за надзор на иматели на одобренија се врши контрола кај подносителот на истото со цел да се проверат условите за правилно спроведување на постапката.
  6. По извршената контрола барањето се препраќа до Централната управа на Царинската управа која го дава одобрението за бараната постапка.

Одобрение се дава само на лица регистрирани во Република Македонија, кога увозната стока може да се препознае во добиените производи и доколку се исполнети економските услови за одобрување на бараната постапка односно доколку со одобрението не може сериозно да се наштетат интересите на производителите во Република Македонија.

Предвиден рок за постапката: 30 дена.

Потребни документи

  • Барање за одобрение за употреба на царинска постапка со економски ефект/крајна употреба;
  • Административна такса за одобрение во износ од 500,00 денари (уплатница) и
  • Aдминистративна такса за барање во износ од 50,00 денари (уплатница).