Информации

Поврзани институции:
Централен регистар на РМ
бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел: + 389 2 3290-241

Град Скопје
Адреса: бул. “Илинден“ бб, 1000 Скопје
Тел: +389 (2) 3297-207

Управа за јавни приходи
Регионални дирекции Тел: инфо центар - 0800 33 000

Организациони облици на странски организации (основање)

Странско лице и странски организации

Како основачи и членови на организација согласно Законот за здруженија и фондации можат да бидат и странски лица.

Овие  лица ги имаат истите права и обврски, како и домашните лица, освен ако со закон поинаку не е определено.

Странска организација

Странските организации можат да дејствуваат во Република Македонија преку подружница, канцеларија или друг организационен облик на странските организации кои имаат седиште на територијата на Република Македонија.

Во Република Македонија странските организации работат во согласност со одредбите на овој закон, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е уредено.

Акт за основање

Организационите облици на странските организациии се основаат со акт на странската организација за нејзино основање во Република Македонија.

Актот од ставот содржи:

  • име и седиште на странската организација која основа организационен облик,
  • целта на странската организација и целта на организациониот облик на странската организација и
  • име и седиште на организациониот облик на странската организација.

Актот го потпишува овластено лице на странската организација и се заверува пред нотар.