Информации

Оспособување за управување и стекнување право на управување со моторно возило за деца

Дете може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од „Б“ категорија, доколку ги исполнува следниве услови:
1) да наполнило 16 години возраст
,
2) да поседува лична карта
,
3) да е здравствено и психофизички способно да управува со моторно возило
,
4) да има завршено најмалку основно образование
,
5) да има согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар
,
6) да има одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година
,
7) да има писмена согласност од психологот и педагогот од училиштето во кое учи детето, а доколку во училиштето нема еден од нив и од класниот раководител на ученикот,

Оспособувањето за управување со моторно возило на дете се врши согласно со одредбите од овој закон, со зголемен број наставни часови од практичниот дел на наставната програма за 30% во однос на бројот на наставни часови од практичниот дел на наставната програма предвидени за останатите кандидати за возачи.

Дете кое поседува возачка дозвола од „Б“ категорија не смее:
– да управува со возило во патниот сообраќај во времето од 20,00 до 05,00 часот, освен ако во возилото го придружува родител, односно старател кој седи на предното седиште, поседува возачка дозвола од „Б“ категорија и на кого не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило
,
– да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 km/h на автопат
,
– да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 77 kw
,
– да влече приклучно возило
,
– да врши организиран превоз на деца и
– да управува со возило надвор од територијата на Република Македонија.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возач-дете кој постапува спротивно на оваа одредба. Покрај износот на глобата на возачот-дете ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило во период од три месеци до една година.