Информации

Министерство за транспорт и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање

Постапката за отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање, се спроведува согласно со одредбите од  Законот за градежно земјиште, со електронско јавно наддавање, со претходно дадена објава од страна на Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање во средставата за јавно информирање.

  • За градежното земјиште сопственост на Република Македонија кое е предмет на објавата, можат да се пријават за учество сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија согласно со закон, кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
  • Објавата ја изготвува (согласно Законот за градење, член 49, став 1) и ја дава за објавување Комисијата.

Опис на постапка (пријава за учество на јавно наддавање)

  1. Учеството на јавното наддавање заинтересираните правни и физички лица го потврдуваат со поднесување на писмена пријава за учество на јавно наддавање во која се наведени податоците за која градежна парцела се однесува пријавата, за подносителот на пријавата, како и за трансакциона или жиро-сметка на која ќе биде вратен депозитот за учество на јавното наддавање. Доколку предмет на објавата се повеќе градежни парцели, а учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се поднесува поединечна пријава за секоја градежна парцела за која се уплатува и посебен депозит.
  2. Пријавата за учество на јавното наддавање треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за јавно наддавање, на начин и во форма како што е предвидено во самата објава.
  3. Комисијата по приемот на пријавите од подносителите на пријавите, утврдува дали пријавите се доставени во определениот рок и дали истите се комплетирани во согласност со условите од објавата.
  4. Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 3 дена од денот на поднесувањето на понуди, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува и корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
  5. Подносителите на пријави кои доставиле комплетирани пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање, се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничкото име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право да учествуваат на јавното наддавање.
  6. Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја наддаде почетната цена.

Опис на постапка (Јавно наддавање)

  1. На денот на јавното наддавање учесниците се легитимираат со лични исправи (лична карта или патна исправа) и уредно полномошно за полномошниците.
  2. Јавното наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник а јавното наддавање ке биде успешно доколку има најмалку едно чекорно наддавање над почетната цена за отуѓување на градежното земјиште Јавното наддавање го спроведува Комисија, формирана од Министерот за транспорт и врски.
  3. Јавно наддавање може да се одвива во интервал од 30 минути до еден час, во зависност од предметот на јавното наддавање.
  4. Наддавањето почнува со јавно соопштување на почетната цена утврдена во Објавата од страна на Комисијата .
  5. Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 30,00 денари за секоја гардежна парцела посебно.
  6. Учесникот на наддавањето кој понудил најголема цена, која и по три пати соопштена не биде наддадена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
  7. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршувањето на Јавното наддавање да ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето.
  8. По извршената уплата во утврдениот рок Министерот за транспорт и врски склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште, што е предмет на оваа Објава. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува дека во рок од 6 месеци од солемнизирање на договорот, да обезбеди одобрение за градба од надлежната општина, а истиот ќе го изгради во рок предвиден согласно одредбите на Законот за градење . Доколку објектот не се изгради во определниот рок, договорот ќе се раскине.
  9. Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за оттуѓување на градежното земјиште, како и трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности.
  10. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Министерот за транспорт и врски. По приговорот со решение одлучува Министерот за транспорт и врски.

Депозит

  • Депозитот за учество на јавното наддавање изнесува 10 % од почетната цена на јавното наддавање за утврдената површина на градежната парцела .
  • Депозитот се уплатува вирмански или преку пошта на Буџет на Република Македонија, Народна Банка на Република Македонија,сметка бр.100000000063095 ,сметка на буџетски корисник –единка корисник 130010025669613, Приходна шифра и програма 733111-10 со назнака “депозит за јавно наддавање за оттуѓување на градежно земјиште”, за градежна парцела за која се наддава;
  • Депозитот се враќа (во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање) во целост на подносителите на пријавите за јавно наддавање по завршувањето на јавното наддавање, освен на понудувачот кој понудил најповолна цена на кого по уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање му се враќа уплатениот депозит намален за трошоци на постапката во износ од 10% од депонираните средства;
  • Депозитот нема да му биде вратен на најповолниот понудувач доколку истиот не ја уплати вкупно постигнатата цена на градежно земјиште согласно известувањето дадено од страна на Комисијата.

Потребни документи

  • Пријава за учество на јавното наддавање, за секоја градежна парцела посебно, со назнака за која парцела е пријавата и телефонски број за контакт (напишана на рака или во електронска форма -испечатана);
  • Доказ за платен депозит (во оригинал) за секоја градежна парцела посебно;
  • За физичките лица уверение за државјанство (во оригинал) ,а доколку се пријавите за повеке градежни парцели другите прилози од уверението за државјансто можаат да бидат и во фоткопиjа, а еден примерок во оригинал е доволно;
  • Доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистер-Тековна состојба од централен регистар (во оригинал);
  • Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното или физичко лице (во оригинал) и
  • Фотокопија од трансакциона сметка за вракање на депозитот (во фотокопија).

Сите документи се доставуваат во затворен плик, адресирани до Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање при Министерството за транспорт и врски.