Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи
Сектор: Управно надзорни работи

Пасош за странец

Пасош за странец, Министерствотo за внатрешни работи може да издаде:

  • на странец кој законски престојува во Република Македонија, а нема и не може да обезбеди важечка странска патна исправа од државата чиј државјанин е, за излегување и влегување во Република Македонија;
  • на странец кој треба да ја напушти територијата на Република Македонија, а нема и не може да обезбеди важечка странска патна исправа од државата чиј државјанин е, за излегување од Република Македонија.

Опис на постапка

  1. Барањето за издавање пасош за странец, се поднесува до  организационата единица на Министерството за внатрешни работи според живеалиштето, односно престојувалиштето на странецот.
  2. Патна исправа за странец се издава на барање на странец кој наполнил 18 години живот и кој има потполна деловна способност.
  3. За малолетно лице, односно лице кое нема потполна деловна способност, барањето за издавање на патна исправа го поднесува еден од родителите, во согласност со другиот родител.
  4. Кога родителското право го врши еден од родителите, барањето за издавање на патна исправа за лице помладо од 18 години живот го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување.

За барањето на странецот одлучува Министерството за внатрешни работи со решение, против кое странецот има право на жалба во рок од осум дена од приемот на решението до надлежната комисија на Владата на Република Македонија.

Решението на надлежната комисија на Владата ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на жалбата.

Против решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен може да се поведе управен спор пред надлежен суд, согласно со Законот за управните спорови.

Рок на важење на пасошот

  • на странец кој има дозвола за привремен престој во Република Македонија и му се издава пасош за странец со рок на важење до важноста на дозволата за привремен престој, но не подолго од 1 година;
  • на странец кој има дозвола за постојан престој му се издава пасош за странец со рок на важност до 2 години.

Потребни документи

  • барање за издавање на пасош за странец;
  • лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето;
  • дозвола за привремен или постојан престој во Република Македонија во оргинал или  заверен  препис;
  • изјава заверена кај надлежен нотар, со која странецот потврдува дека нема и не може да обезбеди важечка странска патна исправа од државата чиј државјанин е.