Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Патен лист за странец

Патен лист за странец издава дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, врз основа на претходна согласност од Министерството за внатрешни работи, на странец кој е со законски престој во Република Македонија и кој во странство останал без важечката патна исправа за странец издадена од надлежен орган на Република Македонија.

Исправата е со важност само за враќање на странецот во Република Македонија и истата се издава со рок на важење до 30 дена.

Потребни документи:

-барање за издавање патен лист за странец;

-лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето;

-писмена изјава за околностите под кои останал во  странство без важечка патна исправа за странец издадена од надлежен орган на Република Македонија и

-доказ дека го пријавил исчезнувањето на патната исправа за странец кај надлежните органи во државата во која престојува.