Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи
Сектор: Управно надзорни работи

Патна исправа за лицe без државјанство

Патна исправа за лице без државјанство издава Министерството за внатрешни работи, согласно со Конвенцијата за статусот на лицата без државјанство од 1954 година.

Опис на постапка

  1. Барањето за издавање – продолжување на патна исправа за лице без државјанство, се  поднесува до организационата единица на Министерството за внатрешни работи според живеалиштето, односно престојувалиште.
  2. Службеното лице при решавањето на барањето за издавање патна исправа за лице без државјанство, проверува дали подносителот на барањето, односно лицето на кое се однесува барањето е државјанин на некоја странска држава и ги проверува податоците содржани во барањето во соодветните регистри кои се  водат во Министерството за внатрешни работи.

Рок на важење

Патната исправа се издава со рок на важење до 1 година. Истата може да се продолжува.

Потребни документи

  • барање за издавање (продолжување) на патна исправа за лице без државјанство;
  • лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето;
  • дозвола за привремен или постојан престој во Република Македонија во оргинал или  заверен  препис.