Информации

Министерство за транспорт и врски на РМ
"Црвена Скопска Општина" број 4, 1000 Скопје
Тел. + 389 (0)2 3145 497,
+ 389 (0)2 3123 292
Факс. + 389 (0)2 3126 228
e-mail: contact@mtc.gov.mk

Постапка на давање под краткотраен закуп на земјиште сопственост на Република Македонија

Постапката за давање на земјиште под краткотраен закуп ја водат општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, во зависност од нивното подрачје утврдено со закон. Градоначалникот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во име на Република Македонија склучува договор за краткотраен закуп кој има сила на извршна исправа.

Опис на постапка (краткотраен закуп со непосредна спогодба)

  1. Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се даде под краткотраен закуп со непосредна спогодба, по поднесено барање до надлежната општина и тоа на сопствениците на угостителски објект пред кои е предвидено плажа, како и на правни и физички лица за потребите за формирање на градилиште.
  2. По поднесување на  барањето,  општините, општините во градот Скопје и градот Скопје, одлучуваат согласно со одредбите од Законот за општата управна постапка.
  3. По донесено решение со кое се уважува барањето, градоначалникот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во име на Република Македонија склучува договор за давање под краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.

Потребни документи

  • Барање за давање  под краткотраен закуп со непосредна спогодба на земјиште сопственост на Република Македонија; 
  • извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација;
  • урбанистичко техничка документација за уредување на капалишта, односно проект за подготвителни работи за организирање на градилиште;
  • геодетски елаборат за нумерички податоци изработен врз основа на урбанистичко-техничката документација, односно проект за подготвителни работи;
  • доказ за сопственост на угостителскиот објект пред плажа, односно решение за локациски услови за објектот за кој се врши организација на градилиште;
  • имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, кој до денот на поднесувањето не е постар од 30 дена и
  • уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина.