Информации

Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги на РМ
бул. „Св. Кирил и Методиј“ 54, 1000 Скопје
e-пошта: contact@uvmk.gov.mk
Тел.: 02 3223-787
Факс: 02 3215-406
Работно време: од понеделник до петок, од 7:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот
Подрачни одделенија и канцеларии на Управата низ државата

Постапка за пријавување на брак склучен во странство

Оваа постапка се однесува на македонски државјани кои склучиле брак во странска држава, а сакаат да го пријават бракот во матичната книга на венчаните која се води при Управата за водење на матичните книги во Република Македонија.

За пријавување на брак кој е склучен надвор од Република Македонија, треба да се поднесе барање за запишување на брак, кон кое се приложуваат следните документи:

1. Лична карта или пасош на увид;
2. Извод од матичната книга на венчаните од странство, на интернационален образец, или преведен на македонски јазик од овластен судски преведувач, заверен од страна на нотар) и
3. Уплатница на име административна такса.