Информации

Агенција за катастар на недвижности на РМ
Генерална дирекција Ул.Трифун Хаџијанев бр.4, 1000 Скопје
Бесплатен телефонски број: 0800 80 800
Тел.+389 (2) 3204 800
Факс. +389 (2) 3171 668
е-пошта: office@katastar.gov.mk; info@katastar.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Потврда за бришење хипотека од интабулационите книги

Опис на постапка

  1. За да ви биде издадена потврда за бришење хипотека од интабулационите книги, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да ја приложите потребната документација.
  2. Сметката на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од Агенција за катастар на недвижности (АКН), ќе ја добиете на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.

Потребни документи

  • уредно пополнета пријава;
  • административна такса во износ од 50, 00 денари (уплатница);
  • изјава од доверителот заверена кај нотар со УЗП-заверка (потребно е да стои бројот на решението – ред. бр. и датумот кога е запишана хипотеката во судот) и
  • доказ за платен надоместок во износ од 500,00 денари на жиро-сметката на АКН.