Информации

Агенција за катастар на недвижности на РМ
Генерална дирекција Ул.Трифун Хаџијанев бр.4, 1000 Скопје
Бесплатен телефонски број: 0800 80 800
Тел. +389 (2) 3204 800
Факс. +389 (2) 3171 668
е-пошта: office@katastar.gov.mk; info@katastar.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Потврда за канцелариска идентификација на катастарска парцела

Опис на постапка

  1. За да ви биде издадена потврда за канцелариска идентификација на катастарска парцела, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да ја приложите потребната документација.
  2. Сметката на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од Агенција за катастар на недвижности (АКН) ќе го добиете на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.

Потребни документи

  • барање за потврда за канцелариска идентификација на катастарска парцела;
  • административна такса  во износ од 50, 00 денари (уплатница) и
  • доказ за платен надоместок, во визнос од 50, 00 денари за една катастарска парцела.