Информации

strong>Агенција за катастар на недвижности на РМ
Генерална дирекција Ул.Трифун Хаџијанев бр.4, 1000 Скопје
Бесплатен телефонски број: 0800 80 800
Тел. +389 (2) 3204 800
Факс. +389 (2) 3171 668
е-пошта: office@katastar.gov.mk; info@katastar.gov.mk
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Потврда за носителите на правата на соседните катастарски парцели

Опис на постапка

  1. За ви биде издадена потврда за носителите на правата на соседните катастарски парцели, потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да ја приложите потребната документација.
  2. Сметката на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од Агенција за катастар на недвижности (АКН) ќе го добиете на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.

Потребни документи

  • барање  за потврда за ностелите на прават на соседните катастарски парцели;
  • административна такса во износ од 50, 00 денари (уплатница) и
  • доказ за платен надоместок во износ од 150, 00 денари за една катастарска парцела.