Информации

Фонд за здравствено осигурување на РМ
ул. „Македонија“ бб, 1000 Скопје (Централа), тел.: + 389 (2) 3289-000, факс: +389 2 3289-048
Бесплатен телефонски број: 0800 33 222, 076 339 180
Е-пошта: info@fzo.org.mk
Подрачна едница Скопје
бул. „Кочо Рацин“ бр. 91, 1000 Скопје
тел.: +389 (2) 3118 566
факс: +389 (2) 3164 848
Работно време:
8:30 - 16:30 часот

Права на парични надоместоци (надоместок на плата)

По склучување на договорот за вработување, обврска на секој работодавач е да го пријави вработеното лице во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност. Со тоа, вработеното лице стекнува статус на осигурено лице.

На секое осигурено лице му следува право на надоместок на плата заради отсуство од работа, и тоа во следните случаи (осигурени случаи):

– привремена спреченост за работа поради болест и повреда;
– бременост, раѓање и мајчинство;
– патни трошоци.

Правото на надоместок на плата следува само доколку:

– здравственото осигурување врз основа на работен однос траело непрекинато најмалку 6 месеци пред настапување на еден од осигурените случаи поради кои се стекнува правото;
– придонесот за задолжително здравствено осигурување редовно бил уплатуван, или пак бил уплатуван со задоцнување од најмногу 60 дена и
– оцената за привремената спреченост од работа ја дал избраниот лекар, односно лекарската комисија на Фондот.

Документи потребни за да се одобри надоместок на плата поради болест/повреда/нега:

1. Барање за надоместок на плата поради болест/нега – образец Н1;
2. Извештај за привремена спреченост за работа – образец ИСР од избран лекар;
3. Наод, оцена и мислење од лекарската комисија;
4. Изјава заверена на нотар за трансакциските сметки на правното лице и копија од изводи за промет и состојба на трансакциските сметки (само за правно лице со еден вработен) и
5. Доказ за трансакциска сметка на подносителот на барањето.

Документи потребни за да се одобри надоместок на плата поради бременост/раѓање:

1. Барање за надоместок на плата поради бременост и раѓање – образец Н2;
2. Извештај за привремена спреченост за работа – образец – ИСР од избран лекар;
3. Извод од книгата на родените за детето (копија). Доколку осигуреникот не го обезбеди овој документ, ФЗОМ ќе го обезбеди по службена должност;
4. Решение за посвојување дете од Центар за социјални работи. Доколку осигуреникот не може да го обезбеди овој документ, Фондот ќе го обезбеди по службена должност;
5. Изјава заверена на нотар за трансакциските сметки на правното лице и копија од изводи за промет и состојба на трансакциските сметки (само за правно лице со еден вработен) и
6. Доказ за трансакциска сметка на подносителот на барањето.