Информации

Фонд за здравствено осигурување на РМ
ул. „Македонија“ бб, 1000 Скопје (Централа), тел.: + 389 (2) 3289-000, факс: +389 2 3289-048
Бесплатен телефонски број: 0800 33 222, 076 339 180
Е-пошта: info@fzo.org.mk
Подрачна едница Скопје
бул. „Кочо Рацин“ бр. 91, 1000 Скопје
тел.: +389 (2) 3118 566
факс: +389 (2) 3164 848
Работно време:
8:30 - 16:30 часот

Права на парични надоместоци (патни трошоци) за здравствените осигуреници

Осигуреното лице може да оствари право на патни трошоци ако е упатено да користи здравствени услуги во врска со хемодијализа или вежби за рехабилитација на видот, слухот и говорот надвор од местото на живеење.

За остварување на ова право осигуреното лице треба да пополни барање за надомест (рефундација на средства) за патни трошоци – Образец Р3 и да го достави до Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Кон барањето се приложуваат и следните документи:

– потврда за бројот на извршени здравствени услуги во претходниот календарски месец, издадена од здравствената установа која има склучено договор со ФЗОМ, каде што се извршени здравствените услуги;
– потврда од здравствената установа каде што е извршена хемодијализата дека нема организиран превоз и
– доказ за трансакциската сметка на подносителот на барањето.