Информации

Фонд за здравствено осигурување на РМ
ул. „Македонија“ бб, 1000 Скопје (Централа), тел.: + 389 (2) 3289-000, факс: +389 2 3289-048
Бесплатен телефонски број: 0800 33 222, 076 339 180
Е-пошта: info@fzo.org.mk
Подрачна едница Скопје
бул. „Кочо Рацин“ бр. 91, 1000 Скопје
тел.: +389 (2) 3118 566
факс: +389 (2) 3164 848
Работно време:
8:30 - 16:30 часот

Права од болничка здравствена заштита

Осигуреното лице може да ги користи овие права кога поради природата на болеста не може да се лекува со успех во домашни или во амбулантни услови, па неопходно е да му се обезбеди болничко лекување во најблиската здравствена установа која врши соодветна болничка здравствена заштита.

Упат за болничко лекување издава избраниот лекар. Упатот има важност 30 дена од денот на неговото издавање. Во итни случаи, осигуреното лице може да биде примено на болничко лекување и без упат, само доколку било испратено од страна на лекар што пружил итна медицинска помош.

Ако постои медицинска индикација за болничко лекување, болничката здравствена установа е должна на осигуреното лице да му обезбеди сместување и лекување во најкраток можен рок, а во итните случаи веднаш.

Ако болничката здравствена установа утврди дека болничкото лекување не е неопходно, должна е за тоа да ги извести осигуреното лице и избраниот лекар, со образложен предлог и мислење за понатамошно лекување.

Мајка на дете кое е хоспитализирано, а кое е до едногодишна возраст, има право на сместување и исхрана во болницата како придружник најмногу до 30 дена. Еден од родителите или член на семејството, заради нега и оспособување за рехабилитација во домашни услови, како придружник на дете до тригодишна возраст хоспитализирано поради потешко оштетување има право на болничко сместување и исхрана најмногу до 30 дена.

По извршената услуга, на осигуреното лице му се наплатува учество, односно партиципација, а му се издава и отпусно писмо со кое лицето е должно лично или преку член на семејството да се јави на избраниот лекар веднаш, односно во рок од 5 дена.