Информации

Фонд за здравствено осигурување на РМ
ул. „Македонија“ бб, 1000 Скопје (Централа), тел.: + 389 (2) 3289-000, факс: +389 2 3289-048
Бесплатен телефонски број: 0800 33 222, 076 339 180
Е-пошта: info@fzo.org.mk
Подрачна едница Скопје
бул. „Кочо Рацин“ бр. 91, 1000 Скопје
тел.: +389 (2) 3118 566
факс: +389 (2) 3164 848
Работно време:
8:30 - 16:30 часот

Право на користење здравствени услуги во странство (привремен престој – користење на итна медицинска помош)

(Користење на итна медицинска помош во земји со кои РМ нема склучено договор за социјално осигурување или кога договорот не бил испочитуван)

Осигуреното лице кое привремено престојува во странство (на приватно или службено патување, студиски престој, школување и стручно усовршување, престој во врска со меѓународна техничка, научна и културна соработка и сл.) може да користи само итна медицинска помош.

Како итна медицинска помош се смета користење на здравствени услуги неопходни за отстранување на непосредната опасност по животот и здравјето на осигуреното лице додека трае опасноста.

Итноста на случајот, времетраењето на итноста и здравствените услуги потребни за отстранување на непосредната опасност по животот и здравјето на осигуреното лице ги оценува лекарска комисија на Фондот за здравствено осигурување на Македонија врз основа на медицинската документација од странската здравствена установа.

Осигуреното лице кое користи здравствена заштита во итен случај е должно по завршувањето на итноста да се врати во земјата за да го продолжи лекувањето. Ако по завршувањето на итноста осигуреното лице не се врати навреме во земјата и ако го продолжи лекувањето во странство, за тој период трошоците паѓаат на негов товар.

Надомест на трошоците за извршени здравствени услуги во итни случаи за време на привремен престој во странство осигуреното лице остварува врз основа на барање на Образец Л3.

Кон барањето се приложуваат и следните документи:

– мислење од лекарската комисија на Фондот за итноста на случајот и за времетраењето на итноста;
– медицинска документација за извршените здравствени услуги во странство, преведена од овластен преведувач;
– сметки (фактури) за платени здравствени услуги со фискална сметка преведени од овластен преведувач;
– потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување и
– здравствена легитимација на увид.

Здравствените услуги Фондот ги признава во полн износ, намалени за пропишаното учество за лекување во странство.