Информации

Агенција за електронски комуникации на РМ
Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
тел:+389 (2) 3289 - 200
факс:+389 (2) 3224 - 611
е-маил: contact@aec.mk

Преносливост на броеви

Преносливост на број е право на сите претплатници на јавни телефонски  услуги (фиксни или мобилни) да го задржат бројот независно од операторот или давателот кој ја обезбедува услугата:

  •  кога се работи за географски броеви на одредена локација и
  •  кога се работи за негеографски броеви, на која било локација.

Сите оператори на јавни комуникациски мрежи и услуги кои обезбедуваат јавни телефонски услуги (фиксни или мобилни) се обврзани да им овозможат на своите претплатници преносливост на броевите.

  • Броевите не се пренесуваат од јавните фиксни комуникациски мрежи во јавните мобилни комуникациски мрежи и обратно.
  • Операторот може за пренесување на броевите на друг оператор да им наплатува на операторите и на претплатниците или на операторите еднократна сума за покривање на трошоците за пренос на бројот. Еднократната сума за покривање на трошоците за пренос на бројот треба да биде предвидена во договорите за интерконекција, а директните (административни) трошоци, доколку ги има, а се наплаќаат од претплатниците, не смеат да бидат дестимулирачки за користење на оваа услуга. Агенцијата може со одлука да ја утврди максималната еднократна сума што треба да биде предвидена во договорите за интерконекција.
  • Операторите се обврзани да ги сносат трошоците за адаптирање на нивните мрежи за да овозможат преносливост и трошоци за одржување на таквите средства.