Информации
Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо/даноци:
0800 33 00
секој ден од 09.00 до 20.00 часот, освен недела
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот
Регионални дирекции
Претходен данок и право на одбивка
Претходен данок е износот за кој се намалува данокот на додадена вредност што се должи за извршениот промет за одреден даночен период. Тоа е данокот на додадена вредност:
- кој е одделно искажан во фактурата за прометот, кој бил извршен спрема даночниот обврзник од страна на друг даночен обврзник;
- кој е одделно искажан во фактурата за авансното плаќање кое го извршил даночниот обврзник за промет, кој се уште не е извршен спрема него и
- кој е платен за увозот на добра и кој е одделно искажан во царинската декларација.
Услови за одбивка на претходниот данок
Право на одбивка на претходниот данок може да се оствари:
- ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за цели на неговата стопанска дејност;
- врз основа на фактура која е издадена во согласност со одредбите на ЗДДВ, или царинска деклрација во која е посебно искажан платениот данок за увозот и
- ако тие документи се евидентирани во книговодството на даночниот обврзник.
Правото на одбивка на претходниот данок настанува во моментот во кој се исполнети сите напред наведени услови.
- Малите претприемачи т.е. даночни обврзници кои не се обврзани за регистрација за ДДВ и кои не се регистрирале доброволно, немаат право на одбивка на претходните даноци.