Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Сектор за царински систем
Одделение: Одделение за нетарифни мерки
Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3 116 188
Факс. +389 (3) 237 832
info@customs.gov.mk
www.customs.gov.mk

Прифаќање на Барање за преземање на царински дејства за заштита на права од интелектуална сопственост

Носител може да биде

  • секое домашно и странско, правно и физичко лице кое, согласно закон е носител на правото на патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потекло, географска ознака, авторско право или сродно право или
  • секое друго домашно и странско, правно и физичко лице кое има право да користи некое од правата на интелектуална сопственост или застапник на носителот на правото или на лицето кое има право да користи некое од правата на интелектуална сопственост.

Опис на постапка

  1. Носителот на право може во писмена форма да поднесе барање до Централната управа на Царинската управа, за преземање на царински дејствија од страна на царинскиот орган, за стока за која постојат оправдани причини за сомневање дека со стоката се повредува право од интелектуална сопственост согласно Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост.
  2. Барањето за преземање на царински дејствија се изготвува на образец чија форма и содржина ја пропишува министерот за финансии.
  3. Со прифаќање на барањето за преземање на царински дејствија, Централната управа на Царинската управа го определува рокот во кој се преземааат дејствија,  кој не може да биде подолг од една година од денот на прифаќање на барањето. Пред истекот на определениот рок, доколку претходно е подмирен каков било долг на носителот на правото, настанат согласно законот, носителот на правото може да побара продолжување на рокот.
  4. По барање на царинскиот орган носителот на правото треба да ги обезбеди сите дополнителни податоци потребни за спроведување на одлуката за прифаќање на барањето.
  5. Носителот на право е должен веднаш да ја извести Централната управа на Царинската управа доколку неговото право престане да важи.

Предвиден рок за постапката: 30 дена.

Потребни документи

  • Барање за преземање на царински дејства за заштита на права од интелектуална сопственост;
  • доказ дека барателот е носител на правото за предметната стока;
  • изјава за превземање одговорност согласно со член 7 од Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, со која барателот се обврзува дека превзема одговорност во ситуациите изложени во тој член;
  • суштински, технички податоци за оригиналната стока (документи, фотографии);
  • доказ за специфични иформации за видот или шемата на измамата (документи, фотографии) и
  • доколку барателот е застапник на носителот на правото,  тој мора да обезбеди доказ дека е овластен за застапување на носителот на правото.