Информации

Агенција за електронски комуникации на РМ
ул. “Димитрие Чуповски” бр.13, 1000 Скопје
тел:+389 (2) 3289 - 200
факс:+389 (2) 3224 - 611
е-маил: contact@aec.mk

Приговор од корисник

Претплатниците имаат право да поднесат приговор против одлуките или активностите на операторите во врска со пристапот до или обезбедување на услугите, како и поради прекршување на општите услови за склучување на претплатничките договори и одредбите на претплатничките договори.

  • Приговорот може да се поднесе во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, односно од започнувањето на активностите кои се предмет на приговорот.
  • Операторите се должни да одлучат по приговорот во рок од 15 денови од денот на приемот на истиот и за тоа писмено да го известат претплатникот.
  • Доколку претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот да побара заштита на своето право пред Агенцијата.
  • Доколку операторот не постапи по приговорот во рокот од 15 дена, претплатникот има право да побара заштита на своето право пред Агенцијата во рок од 35 дена од денот на поднесување на приговорот до операторот.
  • По приемот на приговорот Агенцијата постапува во согласност со законот и во рок од 42 дена е должна да го реши спорот доколку заради обемност на постапката не се продолжи рокот на максимално четири месеци.

Потребни документи 

  • icon Формулар за приговор од корисник;
  • Копија од претплатничкиот договор на корисникот;
  • Копија од приговорот доставен до операторот;
  • Копија од одговорот добиен од операторот.