Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3299 500
Факс. +389 (2) 3281 010
Email: info@ujp.gov.mk
Инфо/даноци: 0800 33 00

Приходи од капитал (камати, дивинденди и сл. – Физички лица)

Под приходи од капитал се подразбираат:

  • дивидендите и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица;
  • камати по кредитите дадени на физички и правни лица;
  • каматите по обврзници или други хартии од вредност;
  • камати на орочени штедни и други депозити.

Даночен обврзник

Обврзник на данокот на доход за приходите од капитал е физичко лице кое остварува приходи по основ на:

  • дивидендите и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица;
  • камати по кредитите дадени на физички и правни лица;
  • каматите по обврзници или други хартии од вредност;
  • камати на орочени штедни и други депозити.

Даночна основа

  • За дивидендите и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица основа претставува бруто дивидендата, односно приходите од учество во добивката распределени на обврзникот.
  • За камати по заеми дадени на физички и правни лица, камати на обврзници или други хартии од вредност и камати на орочени штедни и други депозити основа претставува износот на пресметаната камата.
  • Оданочувањето на каматите на орочени штедни и други депозити ќе се применува од 1 јануари 2011 година.

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 годона – стапката изнесува 10%.

Утврдување аконтација на данок

По одбивка, исплатувач на приходот го пресметува данокот на доход за секој обврзник и за секој поединечно исплатен приход, во моментот на исплатата.

Годишна обврска на физичко лице

Физичкото лице до Управата за јавни приходи треба да достави Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП”), најдоцна до 15 март наредната година, според неговото живеалиште.