Информации

ДКП на Република Македонија во соодветната држава

- Министерство за надворешни работи на РМ
бул. „Филип Втори Македонски“ бр. 7 1000 Скопје Република Македонија
Тел: +389 2 3115 266 Факс: +389 2 3115 790 Е-пошта:mailmnr@mfa.gov.mk

Пријавување на исчезнати, изгубени, украдени или друго отуѓување на патни и други исправи на странец

Опис на постапка

Исчезнување или губење, кражба или друго отуѓување на патната исправа и други исправи на странец, странецот е должен да го пријави на Министерството за внатрешни работи најдоцна во рок од 24 часа од моментот кога тоа го забележал.

Странецот го пријавува ова во полициската станица, според местото  на исчезнување, губење, кражба или друго отуѓување  на јавната исправа, односно според местото на живеалиште или престојувалиште на странецот

Странецот е должен да ги наведе и образложи сите околности во врска со исчезнувањето, губењето, кражбата или другото отуѓување на јавната исправа.

Исчезнувањето или губењето на пасошот или некоја друга јавна исправа, странецот е должен да  го огласи во “Службен весник на Република Македонија”, пред поднесување на барањето за издавање нова јавна исправа.

Странец кој во странство ќе ја изгуби патната исправа што е издадена од Министерството за внатрешни работи, должен е тоа да го пријави во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство.

Министерството за внатрешни работи на странецот му издава потврда за пријавувањето.

Потребни документи

  • потврда од ПС за изгубен- украден документ,
  • писмена изјава за изгубен документ,
  • доказ- потврда, дека изгубениот-исчезнатиот или украдениот документ е објавен во Службен весник на РМ,
  • барање за издавање на пасош или друга јавна исправа,
  • лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето и
  • уплатница на жиро сметка во износ кој зависи од типот на јавната исправа.