Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар , Скопје

Пријавување престој на странец

Согласно одредбите од Законот за странци, правните и физичките лица кои им даваат услуги на сместување на странците со наплата се должни да го пријават престојот на странецот во Министерството за внатрешни работи во рок од 12 часа од часот на давањето на услугата.

Други лица кај кои странците престојуваат се должни да го пријават престојот на странецот во рок од 48 часа од часот на доаѓањето на странецот во полициската станица под чија што надлежност е адресата на престој.

Со цел да се поедностави процедурата, притоа неускратувајќи ја можноста пријавувањето да се врши и преку посета на надлежната ПС, ова може да се направи и електронски.

Во случаи кога странецот кампува или престојува на места на кои нема служби кои го евидентираат неговиот престој, пример планинарски домови и сл. е должен самиот да го пријави своето престојувалиште на МВР во рок од 24 часа.