Информации

Топлификација АД Скопје
ул. Лондонска бб, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3097 600
email: toplif@toplif.com.mk

Приклучување на нови објекти на топлификациониот систем

Опис на постапка

1. За приклучување на нов објект на системот потребно е инвеститорот на објектот или идниот корисник да поднесе барање за претходна согласност. Барањето се поднесува во писмена форма и во него се даваат податоци за инсталирана моќност  и затоплуваната површина. Кон барањето за претходна согласност треба да биде приложена локација на објектот на ситуација 1:1000. 2. По добивање на барањето , Топлификација АД ги испитува техничките можности на системот за приклучување на новиот корисник и во случај на потврден одговор издава претходна согласност со вцртана идејна траса и оринтациона вредност на трошоците за градба на топлификационата мрежа. 3. На основа на претходно издадена претходна согласност, инвеститорот поднесува барање за енергетска согласност и изработка на проект за приклучок. Барањето се поднесува во писмена форма. Барањето за енергетска согласност треба да содржи:

  • локација на објектот на ситуација 1:1000 или 1:500 со вцртан идеен приклучок и локација и простор за топлинската станица;
  • време на почеток на користење на топлинската енергија (директен, индиректен);
  • начинот на превземање на топлинската енергија (директен, индиректен);
  • проект за внатрешна инсталација (задолжително за станбени објекти).

Проектот за внатрешна инсталација во прилог на барањето треба да содржи:

  • проектна задача;
  • ситуација на објектот во размер 1:1000 или 1:1500 со вцртана локација и димензии на топлинската станица;
  • рекапитулација на топлинските потреби на група потрошувачи (W);
  • затворени површини со надворешни елементи за затоплување (м2, м3);
  • технички, општи, и сигурносни услови за изведба на инсталацијата во кои се назначени прописите за испитување на инсталацијата и упатство за регулација – баждарење на мрежата;
  • пресметка на трансмисионите и вентилационите загуби на објектот со спецификација на употребените коефициенти за топлинските премини;
  • хидраулична пресметка на цевната мрежа и режим на регулација;
  • шема на поврзување со означување на опремата;
  • потребен број на изведбени цртежи;

4. Топлификација АД врши увид во проектната документација и ја проценува подобноста на инсталацијата за приклучување на топлификациониот систем. 5. Ако проектната документација ги исполнува техничките услови и прописи,  Топлификација АД издава енергетска согласност согласно техничките, енергетските и економските услови. 6. На основа на поднесеното барање за енергетска согласност и изработка на проект за приклучок, Топлификација АД изработува:  

  • изведбен проект за топлификациона мрежа – приклучок;
  • избор на димензија на постаница и мерно регулациона опрема.

7. Изведбата на топлификационата мрежа – приклучокот, инвеститорот го врши според проектот и посебните технички услови за проектирање , испорака, и користење на топлинска енергија. Пред отпочнување на работата на изградба на топлификационата мрежа – приклучокот,  инвеститорот е должен да:

  • oбезбеди одобрение за градба од надлежното министерство;
  • го извести надзорниот орган на Топлификација АД кој ќе ја прати изведбата на топлификационата мрежа;
  • за изведба на топлификационата мрежаспоред проектот, надзорниот орган на Топлификација АД издава записник за изведена топлификациона мрежа.

  8.  Изведбата на топлинската станица се врши под надзор на одделението за енергетски прием на објекти при Топлификација. Потстаниците се изведуваат според посебните и техничките услови за проектирање, испорака и користење на топлинска енергија и извршениот избор на потстаница и мерно-регулациона опрема. Изведувачот на топлинска потстаница треба да обезбеди:

  • гаранција на опремата и материјалите;
  • атести на опремата од производителите на опремата , која не е стандардна;
  • потребни упатства за монтажна експлоатација.

По дефинитивниот прием на потстаницата се издава Записник за прием на топлинска станица.  

Потребни документи

  • Енергетска согласност;
  • Записник за примена топлификациона мрежа;
  • Доказ за регулиран комунален придонес;
  • Записник за прием на топлинска станица;
  • Записник за испитување на внатрешна инсталација на притисок од 900 (kPa) доставен од изведувач на внатрешна инсталација;
  • Записник за предадени резервни пумпи во Топлификација (задолжително KCO);
  • Договор за пробно греење;
  • Потпишани договори за испорака на топлинска енергија (за деловни корисници);
  • Барање за пуштање во редовен погон (за корисниците кај кои испораката се врши  според договор по пристапување – станбени корисници) со прилог список на сите корисници, ЕМБ и податоци за затоплуваната површина и инсталирана моќност.

Документација за приклучување се комплетира во одделението за Енергетски прием на објекти.