Информации

Станици за технички преглед, распоредени на територија на РМ

Регистрација на специјални возила

За учество во сообраќајот на патиштата, возилата треба да бидат:

  • да бидат означени со налепница;
  • регистрирани;
  • да имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и
  • треба да бидат означени со пропишани регистарски таблици.

Опис на постапка

  1. Регистрацијата на специјалните возилата се врши со запишување на регистарската ознака и на определени податоци за возилото и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото, во пропишаната евиденција за регистрираните возила.
  2. Регистрација на возилото се врши според живеалиштето , односно седиштето на сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото.
  3. Возилото се регистрира:
  • на името односно називот на сопственикот, односно носителот на правото на користење ( физичко или правно лице );
  • доколку возилото е сопственост на повеќе лица, се регистрира на името односно називот на едно од тие лица врз основа на нивна писмена спогодба заверена од нотар.

Регистрацијата важи една година, што значи треба да се обновува, односно продолжува секоја година.

Потребни документи

  • фактура за купопродажба;
  • царинска потврда (доколку е увезено), подмирени такси и други давачки пропишани со закон;
  • хомологација;
  • доказ за техничка исправност на возилото,  не постар од 30 дена;
  • лична карта и присуство на сопственикот (физички лица);
  • известување за распоредување (правни лица) и
  • сертификат за специјалноста на возилото.