Информации

Станици за технички преглед, распоредени на територија на РМ

Регистрација на употребувано моторно возило набавено во РМ

Опис на постапка

  1. Барањето за регистрација се поднесува на еден од шалтерите во станиците за вршење на технички преглед на моторни возила и приклучни возила или МВР.
  2. Кон барањето се поднесуваат сите потребни документи.
  3. Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не било пререгистрирано, тогаш меѓу другото се приложуваат:
  • договорите за купопродажба на возилото склучени помеѓу сопственикот на возилото запишан во сообраќајната дозвола;
  • сите подоцнежно извршени купопродажби на истото до последниот сопственик.

Сите промени на возилото или промени на запишаните  податоци во сообраќајната дозвола мора да се пријават во рок од 15 дена во Министерството за внатрешни работи  според живеалиштето, односно седиштето.

Потребни документи

  • важечка лична карта, односно известување за распоредување;
  • сообраќајна дозвола за возилото, договор за купопродажба склучен со лицето кое фигурира на сообраќајната дозвола заверен од нотар или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста;
  • доказ за извршена одјава на возилото кај органот кој претходно го регистрирал и
  • уплата за  пропишаните такси и цената на чинењето на новата сообраќајна дозвола, а ако на возилото му истекла важноста на регистрацијата, и износите на име технички преглед на возилото, осигурување, надоместоци и други пропишани давачки при регистрација.